Темелко е сè што треба да знаете за Македонија

Темелко Ристески е професор доктор, човек во години. Што прави еден интелектуален угледник во зрелите години на својата кариера? Поднесува рапорти што сработил за партија. Пишувал на Фејсбук, објавувал агитациони текстови, дури и телефонски се јавувал кај што треба.

За да ви се згади не само од Темелко туку и од оваа држава, тоа го плаќа не некоја партија, туку држава, министерство, ние.

Како што гледате од документот, најмениот работник Темелко ова коалиционо партиско дело го сработил „за државата“ пред две години. Му платиле ли или уште му должиме на човекот?

  • Текстот е превземен од off.net.mk