Што треба да се направи за да се прекине агонијата на државата и народот!!!

Овие собраниски избори се момент и шанса граѓаните на Македонија да бидат одважни, храбри, спремни да го направат она што нашите претци пропуштиле да го направат во изминативе триесет години.

Треба да етаблираат и градат транснационалната демократска политика, да градат општество со одговорна, модерна, прогресивна, социјална држава која ќе биде во служба на целиот народ. Прогресот може да дојде само со промена на политичкото миље во државата, со нови партии во собранието, кои носат нови и прогресивни идеи и луѓе.

Елиминирање на партиите што триесет години буквално ја јаваа државата, ги узурпираа нејзините институции, го обезаконија законодавството, ја онеправдаа правдата, го осиромашија народот, и се’ употребија само за лични и групни интерес. Сите пароли кои се пласираат од типот можеме или исправање кичми се гола вода.

Зашто ако можеле и знаеле ќе направеле, а не направија, за едно беа гласани испорачаа се’ за што не им беше дадена довербата, а пак овие што континуирано ја кршеа кичмата на државата и народот ќе ја исправале. Овие ветувања се исто како управник на концентрационен логор да ви ветува дека ќе умрете во хумани подобри услови од претходните, значи смртта не ви гине само вие да се согласите и да им верувате.

ПАРТИЈАТА ЛЕВИЦА Е ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР ЗА ВАС И ЗА СИТЕ НАС!!!