Туризмот и империјализмот

  • Пишува Никола Петров, Координатор на Левица – Сектор туризам

Дали е можно е да се замисли врска помеѓу туризмот со колонијалните истории и практики, расните нееднаквости, глобалните конфликти, класните разлики?

Во периодов сме сведоци на турбулентна ера на кризи, покрај пандемијата, климатските промени, појавата на екстремните десници и неофашизмот, национал-шовинизмот, глобалниот либерализам и милитаризам, и заканата од големи економски импликации од овие феномени.

„Модерната“ либерална западна цивилизација денес ја поттиснува мислата за разбирањето на неоколинијализмот и неоимперијализмот, при што ретко кој од академската јавност си дозволува да направи врска на овие феномени со туризмот.

Современиот туризам денес се базира на доминацијата на САД во глобалниот свет по Втората светска војна. Потребата од деколонизација и деимперијализација (деглобализација) во туризмот не ја исклучува демонстрацијата на свест дека се’ уште сме во колонијална и империјална ера. Развојот на туризмот денес во таков контекст на империјализам и колонијализам, се манифестира со експлоатација, злоупотреба, одземање, и многу други неправди и нееднаквости.

Ова не доведува да размислуваме за зависноита на туризмот од идеолошките основи на надмоќ и хегемонизам. Империјализмот во својата сегашна манифестација воведе пристапи засновани на тековната нееднаквост, односно форми и процеси во туризмот кои се нееднакви и угнетувачки.

Во ерата кога термините постколонијализам и деколонизација добиваат на сила во академските кругови, вклучително и студиите по туризам, се чини дека империјализмот завршил. Разбирањата сугерираат дека времето на големите империи како Велика Британија, Франција, Шпанија и други, преминаа во обични национални држави. Тие го занемаруваат фактот дека остануваат 17 официјално непризнати, несамоуправни територии кои беа планирани за целосна независност. Еден од тие примери се Хаваи.

САД е нација која негира дека е империјалистичка, а сепак доказите го кажуваат спротивното. Тие со нивните воени бази насекаде низ светот, не се ништо помалку од претходните царски империи. Нивните боени бази се протегаат од заливот Гвантанамо во Куба до Окинава во Јапонија, до Диего Гарсија во Индискиот океан. Колонијализмот е практика на доминација, која вклучува потчинување на еден народ на друг, пристигнување на нови доселеници на местото на постојаните при што се одржува политичката верност кон земјата од каде што пристигнуваат.

Терминот империјализам значи кога една земја практикува моќ над друга, без разлика дали преку население, суверенитет или индиректни механизми на контрола. Империјализмот е поврзан со колонијализмот. Империјализмот е овозможен од капитализмот и капиталистичката пенетрација преку глобализацијата како што тврди Аниа Лоомба, универзитетска професорка во САД по потекло од Индија.

Империјалната динамика на екстракција на богатството од колонизираниот свет се забрза во последниве години, што сугерира дека империјализмот се’ уште е оперативен. Богатите нации на глобалниот север продолжуваат да се потпираат на екстракција за да го финансираат економскиот раст и да одржуваат високи нивоа на потрошувачка, – според Хикел, 2021.

Овој модел на екстракција е евидентен во теркот на „постколонијалниот“ период од 1960 година, но е особено изразен во ерата на неолибералната глобализација, со проценет вкупен трансфер на вредноста во текот на овој период од 62 трилиони долари, сума што можеше да стави крај на екстремната сиромаштија во светот – Хикел, 2021.