Мултимедијален настан ‘Црвен конец, црн конец – катранка’ во Градска Библиотека „Браќа Миладиновци“

На 16 јуни (петок) со почеток од 19 часот во Градска Библиотека „Браќа Миладиновци“, Парк на поезијата (Спомен-соба во случај на дожд) ке се одржи мултимедијален наста за промоција на гатанката како македонско пишано наследство, 
Група млади писатели и креативци се осврнуваат на духот на македонското пишано наследство преку гатанката.

Настанот има натпреварувачки, интерпретативен и интерактивен карактер. Водителите ќе се осврнат на македонската традиција поврзана со гатанките и низ примери ќе зборуваат за нивната улога во македонскиот фолклор. Потоа низ поставување гатанки и барање одговор ја вклучуваат и публиката. Откако ќе биде откриен одговорот, учесниците настапуваат со сопствени творби.
Перформансот ќе заврши со слушачка дружба на македонска чалгачиска музика.
Учествуваат: Софија Тодороска, Пепи Стамков, Светла Јакшиќ и Емануела Ковачевска Китановска