Концерт во чест на Сергеј Рахмањинов

Годинава се одбележува јубилејни 150 години од раѓањето на Сергеј Рахманинов – извонреден композитор, пијанист и диригент кој стана симбол на руската музика ширум светот. Овој концерт е организиран со поддршка на „Лукоил Македонија“, а ќе се одржи на 14 јуни во малата сала на Македонска филхармонија со почеток од 20:00 часот.

Програма на концертот:

1. Етида оп. 33 бр.8 g-moll
Прелудиум оп. 32 бр.12 gis-moll
Прелудиум оп.3 бр. 2

*Викторија Митеска – пијано

2. Сон – романса за сопран и пијано*Летиција Кондратенко – сопран
*Викторија Митеска

3. Елегично трио бр. 1 за виолина, виолончело и пијано*Анна Кондратенко – виолина
*Марија Михајловска – виолончело
*Викторија Митеска

4. 6 пиеси за 4 раце оп.11
– Баркарола
– Скерцо
– Руска песна
– Валцер*Огненка Герасимовска – пијано
*Викторија Митеска