Непочитувањето на пресудите од страна на земји-членки во ЕУ

  • Став на Јулијана Штрковска Колариќ, член на ЦК на политичката партија Левица.

Секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана да ги спроведува пресудите на Судот, но во реалноста, Грција и Бугарија, како нејзини земји-членки, немаат никакви санкции од неспроведувањето и непочитувањето на пресудите од меѓународните судови. Македонија во континуитет е жртва на ваквото нивно однесување и барајќи ја „перспективата“ во членството во ЕУ и НАТО, нанесена ѝ е огромна и непоправлива штета од страна на своите квинслиншки власти.

Условувањата на овие земји, немаат крај. Грција беше заинтересирана за остварување на својот национален интерес, односно монополизирање на античката историја и иако имаше пресуда од Меѓународниот суд за правда во Хаг, да не го попречува патот на Македонија во ЕУ и НАТО, нејзините барања не се изменија ниту со притисок од меѓународната заедница, ниту пак со пресудата.

Бугарија се служи со истата тактика како Грција и нè уценува со измена на средновековната и поновата историја на Македонија, присвојувајќи ја како своја.

Иако Европскиот парламент констатирал влошување на владеењето на правото, демократијата и основните права во Бугаарија, таа не ги спроведува пресудите од Европскиот суд за човекови права и не презема ништо во однос на пресудите кои се однесуваат на неможноста на македонското малцинство непризнато во Бугарија, да регистрира свои здруженија во Бугарија. Напротив, тврди дека во нејзината земја не постои македонско малцинство.

Донесени се преку 16 пресуди во корист на здруженијата на граѓани за изразување на своите права каде Европскит суд ѝ налага на Бугарија нивна задолжителна примена. Спротивно на задолженијата во пресудите, Бугарија признава само колективни права но не и индивудално самоопределување. Малцинствата во Бугарија не можат и не смеат да ги изразат своите принципи и права. Тука доаѓа до израз и непринципиелноста и лицемерноста на меѓународната заедница, која не врши притисок за почитување на пресудите, кога се донесени во корист на помалите држави.

Станува редовна пракса Македонија да го менува Уставот по неразумните барања на соседите, кои покрај другото, неосновано сметаат дека Македонија има територијални претензии кон нив и се меша во внатрешните работи на другите земји.

Вистината е сосема друга, се плашат дека териториите кои тие ги присвоиле и народот кои тие го асимилирале, ќе стане свесен за својот идентитет и национална припадност и еден ден ќе бара автономија.

Препреките за влез во ЕУ и НАТО веројатно Македонија немаше ни да ги има доколку нашите псевдо политичари, не нè ставија во подредена положба, исполнувајќи ги насилно, без согласност на народот безумните условувања на Грција, а на пат се истото да го сторат и со бугарските фашистички окупаторски барања.