Работниците во „Веибо груп“ најавија штрајк!

Денеска, на 31 јанури, со мирен протест пред општината во Крива Паланка работниците во текстилната фабрика „Веибо груп“ најавија штрајк почнувајќи од утре, 1 февруари.

Работниците штрајкуваат поради известувањето дека ќе бидат одјавени а фирмата им должи плати и придонеси за последните 3 месеци. Од фирмата, според работниците, не планираат да им ги исплатат овие средства за кои макотрпно работеле.

Работниците се обратиле до здружението „Гласен Текстилец“ за поддршка. Кристина Ампева, од здружението, изјави: „Жално е и нечовечки сето сето ова што се случува во Крива Паланка. Над двесте работници да останат без работа, без плати веќе три месеци, тоа е недопустливо. Тие веќе трет месец се без плата и платени придонеси, а им е јавено дека веќе од утре, 1 февруари 2018 година, ќе бидат одјавени од фабриката. Повикувам институциите да не останат имуни на овој, веќе втор случај на грубо повредување на работничките права.“

Штрајкот почнува од 7 часот пред фабриката на „Веибо груп“.