Македонија одбележува 81 година од депортацијата на македонските Евреи

Во ноќта помеѓу 10 и 11 март 1943 година градовите Битола, Штип и Скопје биле блокирани, а еврејските населби опколени со бугарска војска и полиција. Во раните утрински часови на 11 март започнало собирањето на Евреите.

Од куќа до куќа оделе по неколку вооружени полицајци, агенти и војници и ги собирале Евреите. Во скопски Монопол, во нехумани услови биле интернирани овие луѓе од каде потоа биле спроведени во логорот на смртта во Треблинка.

Повеќе од 7.144 луѓе се депортирани од Македонија и никој од нив се нема вратено.

Македонија денеска одбележува 81-годишнина од депортацијата на своите граѓани.