Симоњан: Напаѓачите не се од ИСИС, тоа се Украинци

Главната уредничка на ТВ РТ и на Спутњик, Маргарита Симоњан, изјави дека руските власти веќе утврдиле кој учествувал во терористичкиот напад во Москва, но нивните имиња не се објавуваат за да тоа не влијае на истрагата.

Таа додаде и дека лицата коишто учевствуваа во нападот не се припадници на исламската терористичка организација ИСИС, како што беше објавено претходно од некои западни медиуми, туку се работи за Украинци.

– Не се работи за ИСИС, овие лица се избрани за да ја убедат глупавата светска јавност дека е во прашање исламски тероризам – изјави таа.