(Видео) Јовановска: Потребни се долгорочни решенија за состојбите во ЈП во Град Скопје

  • Обраќање на Kатерина Јовановска Советник од Левица во Град Скопје

ЈСП исто како и другите јавни и државни претпријатија на политичките партии кои периодично се менуваа на власт изминативе триесет години, им служат како параван за партиски вработувања, а работниците ги гледаат како гласачки машини.

Работниците не се машини, работниците се живи луѓе, со потреби, со деца, со фамилии и потребни се долгорочни системски решенија за решавање на проблемот како со ЈСП, така и со другите јавни претпријатија.

Приоритет на стручноста и компететноста, пред политичката подобност при вработувањата во јавните претпријатија

Владата и општините да им ги исплатат долговите и на ЈСП и на останатите јавни претпријатија, за да не им се случи и нив да не можат да исплатат плати на работниците.

Работниците немаат заштеди во домашни или швајцарски банки, туку живеат од плата од која едвај врзуваат еден месец, а камо ли да доцни.

Ние советниците од Левица ќе ја подржиме оваа одлука, но бараме да се изнајде долгорочно системско решение за состојбите во јавните претпријатија на град Скопје.