15.000 луѓе излегоа на улиците во Амстердам, бараат достапно домување

„Редфиш“ е многукратно наградуван дигитален креатор на содржини, специјализиран за производство на кратки и краткорочни документарни филмови во соработка со луѓе ширум светот, вклучени во борби за изградба на алтернатива за владејачкиот капиталистички систем.

На својот Твитер профил вчера објавија содржина од антикапиталистичките протести во Амстердам. Според информациите кои тие ги објавија, околу 15.000 луѓе излегле на улиците во Амстердам. Тие бараат од владата:

  • да гарантира доволно и достапно домување;
  • да ја врати старата цена на кириите и домувањето;
  • да сопре дополнително зголемување на истата;
  • да ги запре расистичките и класични политики за домување и уривање;
  • и да се справи со паразитските инвеститори;