Вучиќ: Украина не воведе санкции кон НАТО кога тие ја бомбардираа СР Југославија

Српскиот претседател Александар Вучиќ одговори на критиките на украинскиот амбасадор во Белград, Володимир Толкач, во врска со руската политика на земјата, нагласувајќи дека Србија никогаш ништо не направила против Украина и истакна дека земјата има „неутрален“ став повикувајки ги украинските власти да не следат туѓа реторика.

„Немам проблем со тоа, за разлика од оние кои се плашат затоа што се во состојба да бидат крајно арогантни. Нашата ситуација е формално и материјално правно чиста и ниту тие, ниту некој друг не може да ни врши притисок или да ни каже каков да биде нашиот став“, – изјави Вучиќ.

Српскиот претседател истакна дека во 1999 година, кога НАТО ја бомбардираше Србија, Украина не учествуваше во испраќањето помош, ниту ги прекина летовите кон земјите кои учествуваа во нападот на поранешна Југославија, пишува српски Курир.

Истото го повтори и министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, нагласувајќи дека „не се сеќава на барањето на Украина за специјална седница на Советот за безбедност на ОOН или на воведувањето санкции против oние кои вршеа агресија кон Србија“.

Потсетуваме претходно украинскиот амбасадор во Белград, Володимир Толкач, рече дека за Украина е многу тешко да ја разбере одлуката на Србија да не воведе санкции кон Русија и додаде дека Украина би сакала да ја види Србија меѓу нејзините пријатели и сојузници.