Апасиев: СДС го укинува вековното работничко право за 8 часовно работно време

Изминатите неколку дена во полна пареа се пуштени Владата и Собранието за реализација на десетина измени во законските решенија со кои на конзорциум „Бехтел и Енка” им се овозможуваат привилегии кои се спротивни согласно позитивно-правните норми во државата и се косат со Уставот на Република Македонија.

На собраниска Седница, во прво читање денес се наоѓаат предлог законот со кој на „Бихтел и Енка“ и се овозможува непречена и легална експлоатација на работниците, спротивна како на домашната регулатива, така и на меѓународните конвенции и декларации со кои се утврдуваат основните работнички права.

На предложените законски измени жестоко реагираше пратеникот Димитар Апасиев кој напиша:

Денес почнува шверцератот у Собрание, со Законот за работни односи… Вековното работничко право за 8 часа работа, ќе биде укинато за македонските работници кои ќе може да работат шест дена по 10 саата, или пет дена по 12 саата на ден. СДС дали сте свесни што правите?