Аргентинските протестирачи ја „погребаа“ платата, причина за нејзината „смрт“ е инфлацијата

Протестирачите во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, продолжуваат да ја одржуваат серијата протести за социјална правда кои траат подолго време. Тие бараат подобрена социјална помош и повеќе работа од владата, додека земјата се бори со длабока економска криза. Протестирачите илустрира „погреб за нивните плати“ поради рекордно високата инфлација во државата.

Имено, Националниот институт за статистика објави дека просечната плата во земјава е 487 американски долари, додека само основната храна за четиричлено семејство чини 1193 долари.

Протестите во Аргентина траат со месеци, а во неколку наврати имаше и судири со безбедносните сили. Луѓето излегуваат на улица со барање за социјална помош и прекинување на врските со ММФ, дел од протестирачите кампуваат пред Владата.

Заменик министерот за социјален развој Густаво Агилера рече дека ја разбира ситуацијата, но ги осуди мерките преземени од демонстрантите.

„Знаеме дека има потреби и нервози, но камповите не се излез. Мораме да одиме напред со работа – социјалниот план не мора да биде постојан и тоа е одлука донесена од националната влада“, изјави Агилера за Радио 10.

Унидад Пикетера – организација вклучена во протестот објави соопштение во кое се вели дека разговорите меѓу официјалните претставници и социјалните движења се прекинати.

„Министерството за социјален развој ги прекина сите видови дијалог и одбива да ги исполни итните барања на илјадниците другари кои кампуваат и се мобилизираат низ целата земја поради итните барања од (работничките) претставници“, се вели во него.

Едуардо Белибони, водач на групата „Социјално движење, Поло Обреро“, рече дека протестирачите се подготвени да останат „неодредено“ обвинувајќи ја владата дека лаже и не ги исполнува своите ветувања.