Апасиев: Таче го собира членството на Мечкин Камен за да не бидат исвиркани

По бројните искуства на исвиркување на државните функционери од СДСМ и одекнувањето на зборовите „предавници предавници“, тие одлучија да применат нова тактика за да го избегнат јавниот срам.

Пендаровски најави дека за Илинден ќе остане во Вилата на Водно, но по бројните критики од јавноста одлучи празникот да го одбележи во манастирот „Прохор Пчински“, каде што веројатно ќе нема многу Македонци. Додека пак Ковачевски кој мора да се појави на Мечкин Камен, дал наредба на членството да се соберат таму, со цел да се избегне уште еден срам.

За ова, повикувајки се на сопствени извори, соопшти претседателот на Левица – Димитар Апасиев.

Инсајдери од пробугарската СДС ми кажуваат дека Таче дал директива до членството, на Илинден сите да се нацртаат на Мечкин Камен – за да глумат вештачка “народна поддршка”!?

Апасиев додаде дека каде и да се појават функционерите од СДСМ ќе завршат исвиркани.

А, бе, квислинзи – да не сум ви во кожата. Кај и да идете ќе бидете исвиркани! Оти народ не може органски да ве поднесе. А вие глумете си “народна поддршка” уште некое време, таман додека не исчезнете.