Андовска: Три години помен откако пЛатениците во партаЛментот насилно го променија уставното име на Македонија

Фејсбук статус на Дарија Андовска, Универзитетски професор на Факултетот за музичка уметност при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзините дела се изведувани на бројни домашни и светски фестивали, а за нејзините успеси говорат освоените бројни награди во земјата и странство, за што слободно може да го добие епитетот „културен амбасадор на Македонија“.

„Три години помен откако пЛатениците, со 81 глас “за” и ниеден против, и покрај пропаднатиот неферендум, во партаЛментот насилно го променија уставното име на Македонија. Ова е најцрниот ден во поновата македонска историја.

Три години откако разно-разни шушумиги и давајгазови, инсталирани во сточниот пазар, еден век и кусур подоцна ги потврдија зборовите на великанот Делчев: ‘Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот.

Со нивните мали мозоци и за ситни интереси, се измочаа врз гробовите на знајни и незнајни јунаци, кои се и сè жртвувале за ова парче земја.

Три години, во кои како лавина нагрнаа надреални „добрососедски” проблеми.

Три години, во кои дишеме на цевче и се држиме за сламка, додека нè распродаваат на ангро, со п(р)опуст и понижење. И станува сè пострашно и потешко, а нè лажат апла дека саде рози цутат. Си знаеме, гледаме, на своја кожа чувствуваме ‘kako stvari stoje’.

Борбата продолжува!
Македонците се борат за своите правдини!“