Левица: СДСМ – Демир Хисар не плаќа кирија за штабот кој е во сопственост на општината

  • Реакција на Политичката партија Левица – ЛО Демир Хисар

По добиениот одговор од страна на општинската администрација на наше барање за информација од јавен карактер, дојдовме до информација која вели дека СДС – Демир Хисар не плаќа месечен надоместок за користење на објектот (стара бања) кој тие го користат како партиски штаб.

За апсурдот да биде уште поголем, договорот кој е потпишан помеѓу Општина Демир Хисар и СДС – Демир Хисар за изнајмување на објектот е истечен уште во 2017 година, па така СДС цели 5 години го користи овој објект на “диво”.

Во ситуација кога општината тоне во долгови, градоначалниците не сакаат или не знаат да ги искористат сопствените ресурси за каков-таков прилив на парични средства во општинската каса!

До Општина Демир Хисар бараме итно да го реши овој проблем со нов договор и одреден месечен надоместок (кирија) доколку бесрамниците од СДС имаат желба да платат. Во спротивно, ние како Левица ќе поднесеме барање за изнајмување на објектот за канцеларија со редовно и навремено плаќање за користење на истиот.