Во четврток Левица официјално ја отвара канцеларијата на ЛО – Виница

  • Соопштение на Левица – ЛО Виница

Левица е партија која постои и се гради да служи како инструмент за менување на овој систем кој им служи на елитите за сметка и штета на обичните граѓани. Поддршката за Левица како единствена автентична партија на трудот секојдневно расте.

Овој четврток (06.10.2022) организираме официјално отворање на партиската канцеларија во Виница со почеток од 18:30 часот, на ул. Маршал Тито бр.80 (главната улица). На отворањето се поканети сите наши сограѓани. Сите наши симпатизери кои досега не успеале, ќе можат и лично да пополнат пристапница.

Преку оваа средба граѓаните ќе имаат можност поконкретно да се запознаат со платформата, визијата и стратегијата на Левица, како единствена работничка и класно-ориентирана партија во Република Македонија.

На отворањето ќе бидат присутни претседателот на Левица и пратеник во Македонското Собрание Димитар Апасиев, пратеникот од изборна единица 3 Борислав Крмов, и останати членови на Президиумот и ЦК на Левица.