Гаф на Спасовски: Да се бориме заедно против правдата
Откако Мијалков вчера со 40 температура, како што изјави, се појави пред обвинителството, не стивнуваат реакциите во јавноста. Народот револтирано реагираше на социјалните мрежи дека се работи за договор со власта, со оглед на тоа што два дена институциите не знаеле каде се наоѓа Мијалков, додека тој тврди дека бил во изолација (за која очигледно не знаеле ниту најблиските од неговото семејство).
Дополнителен сомнеж на целиот случај фрла и повлекувањето на барањето за затворски притвор од страна на Обвинителството, додека премиерот Заев во својата изјава сепак потврди дека имало обид за бегство од Мијалков. Со ваквиот потег на Обвинителството, Мијалков останува во куќен притвор и покрај обидот за бегство. Претходно,на прашање зошто порано не било побаран куќен притвор за поранешниот директор на УБК, Русковска изјави дека „мора да се почитува презумпцијата на невиност.”
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појави видео од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој иначе одби да даде оставка и за кого веќе е поднесено барање за интерпелација.