Повеќе од 8 години планинарскиот дом Копанки се наоѓа во руинирана состојба, откако го снајде слична несреќа како и ТЦ Глобал од Струмица.
Општина Битола, предводена од мнозинството на СДСМ и градоначалничката Наташа Петровска, предложи точка, која подоцна ја усвои, а со која се донсе одлука да се донираат парични средства за ТЦ Глобал. Иако Копанки беше главно предизборно ветување, се’ уште стои руиниран и заборавен од локалната власт, која веројатно има други грижи моментално.
Истовремено, додека АД Елем Tурс, кој е покровител на ски-центарот Копанки, одвојува милионски суми за еден друг ски-центар во Западна Македонија, додека ски-центарот Копанки е речиси нефункционален без елементарни услови за рекреација.
Без тоалети, полуфункционален ски-лифт, без заштитни мрежи и катастрофално одржување на стазите во текот на целата година.
За иронијата да биде уште поголема, стои фактот што токму битолчанец е генерален директор на АД Елем Турс – Васко Ковачевски.
Како и многу пати досега, Битола и битолчани повторно се заборавени.
Битолчани заслужуваат реновиран планинарски дом Копанки.
ОПШТИНАТА СО ДОНАЦИЈА ЗА ТЦ ГЛОБАЛ, А КОПАНКИ СТОИ РУИНИРАН. Повеќе од 8 години планинарскиот дом Копанки се наоѓа во…
Posted by Левица – Битола on Wednesday, February 24, 2021