АктуелноЛокално

(Видео) Советниците да не гласаат „За“ покачување на платите на градоначалниците

  • Говор на советникот на Левица Сашко Јанчев во Советот на Општина Гевгелија.

,,Уставен суд наместо институција за контрола на власта стана гнило дувло на партиски послушници и слуги на власта. Тој ги преспа Преспанскиот договор, промена на името, двојазичноста и двојазичните униформи и тн.

По желба на ДУИ ги укина локалните референдуми против рудниците на смртта, но, кога дојде ред за покачување на нивните и функционерските плати покажаа завидно ниво на експедитивност. Со покачувањето од 78 отсто смислија нов начин за амортизирање на притисокот, по иницијатива на надворешно лице. Тие не си ги покачија само сопствените плати, туку и на куп други функционери во време кога народот едвај преживува. Обичниот човек не може ни да сонува за плата од илјада евра, а замислете за покачување на платата од илјада евра.

Ова е добро смислена ѓаволска шема. Кога неправдата станува закон, отпорот е должност. Сите советници имаат должност да гласаат против ова покачување, додека во Собранието тие имаат должност да ја прифатат инцијативата на пратениците од Левица, со која нема да има вакво астрономско покачување.

Сѐ друго е релативизирање и глумење лудило!’’