Мадуро: Никој не им дал право на Западот и САД да зборува во име на целиот свет

Претседателот на Венецуела – Николас Мадуро го поддржа говорот на рускиот Министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Советот за безбедност на ООН, кој меѓу другото истакна дека САД и колективниот Запад наметнуваат свои правила на однесување, а потоа ги претставуваат како универзални и ги претставуваат како ставови во име на целото човештво.

„Целосно поддржувам се што кажа Министерот за надворешни работи на Русија во Советот за безбедност. Тој сподели чистата вистина и ние се согласуваме со тоа што го кажа. Доста е од светот на ароганцијата, униполарниот свет и хегемонијата на американскиот империјализам и неговите европски вазали“, изјави Мадуро за венецуелската телевизија.

Во продолжение Мадуро истакна дека „никој не му дал право на Западот да зборува во име на целиот свет“, и нагласи дека меѓународната заедница ја сочинуваат 194 земји, а не група држави кои имаат комплекс на ароганција уште од колонијалното време.