Кираџиева за суспензијата на Ристовски: МОК не е суд и нема ингеренции да дава суспензии

  • Дисциплинската комисија при Олимпискиот комитет на Македонија по пријава поведе постапка против македонскиот голман Борко Ристовски за коментар кој незиниот претседател лично го смета за навреда и клевета. Македонската атлетичарка и поранешен рекордер застана на страната на голманот и кажа дека МОК не е суд за да одлучува што е клевета, а што навреда, и констатираше дека МОК нема ингеренции да одлучува за суспензии. Во прилог ви го пренесуваме нејзиниот коментар:

1) МОК има апсолутно 0 ингеренции врз спортот за да дава сузпензии или било какви казни или награди, а сигурно не за тоа дали некој може да врши дејноста спорт;

2) Распоред на ингеренции во спорт се АМС > Федерации > Клубови; суспензија може да изречат федерации или клубови, дефинитивно не МОК која е некој странична постава со исклучива надлежност за олимписки кандидати и нивно стипендирање (може само олимписка стипендија да му укине, ама и тоа не на овој начин);

3) МОК не е суд, па да одлучува за тоа дали некоја изјава е клевета или не, па згора на тоа да си носи судови и санкции кои не се ни во нивна надлежност, со ова темпо на однесување „ќе си искуцаме ние одлука и мора да се реализира“, утре ќе си искуца кривична одговорност и ќе ја достави како валидна – крајна неписменост – Статутот и деловниците на МОК е за нивна внатрешна употреба, не за национална;

4) Има надлежен суд (доколку испрдокот на Заев, Димевски, смета дека нечија изјава е лага и клевета), откако по судски пат ќе се разреши случајот, и само доколку се испостави дека се работи за клевета со судска одлука, после може испрдокот северџански да си поднесе жалба и преку АМС и федерацијата под чие име настапува спортистот, да бара санкции. Значи, да бара, тоа не значи дека мора и да му се одобри жалбата.

5) Спортистов си има партија позади него, се надевам во тоа Депемене-то има некој барем полуписмен да си преземат акција. Ја не го пишувам ова за да го бранам него, чисто ми смета неправда кон спортисти и крајна неписменост од недоквакани корумпирани квази функционери.

За карактерот на спортистот кој е во прашање, не говорам тука, иако се наметнува како кандидат на партијата за претседател на МОК или алтернативно следен директор на АМС.

П.С. – ова е линк до пусулчето, кое во печатена форма може да се користи како тоалетна хартија, пошто нема никаква правна моќ.