Ванковска: Западната моќ почива на недемократичност, нетранспарентност и коруптивност

Во својата колумна за Нова Македонија, насловена „Агелер и тајните друштва“ професорката Билјана Ванковска ја коментираше улогата на овогодишниот собир на Билдербершка конференција, каде главна тема беше „Вештачката интелигенција и нејзините геополитички импликации“.

Професорката Ванковска по однос на овие собири на мокници од Западот искоментира дека се далеку под секое демократско ниво, и констатираше дека во ЦК на Комунистичката партија на Кина има многу повеќе демократија, од ваквите собиранки.

Она што треба да го загрижи секој пристоен човек на Западот (или неговата периферија за која сонцето изгрева на запад) е што таа институционална мрежа на моќ далеку го надминува тој таинствен Билдерберг. Се сеќавам кога пред повеќе години мојот колега Жарко Пуховски предизвика скандал на една конференција на која кажа дека повеќе демократија има во ЦК на Комунистичката партија на Кина отколку во ЕУ. И не само ЕУ!

Во продолжение професорката на Филозофскиот факултет додаде дека Западот својата моќ ја црпи од недемократичност, нетранспарентност и коруптивност.

Западната мрежа на моќ, изградена низ институции и организации (од ОБСЕ до НАТО), но и самити на Г7, Г20, Давос итн., почива на недемократичност, нетранспарентност и коруптивност (бидејќи моќта корумпира, а апсолутната моќ корумпира апсолутно). Кога веќе ја спомнувам Г7, видете ја онаа иронична слика во Хирошима: на местото на злосторството, наместо да покажат каење и подготвеност да спречат нова нуклеарна катастрофа, оние што го туркаат светот кон Армагедон покажуваат мускули (и го покажуваат Зеленски). Сите нивни самити се под неверојатен степен на заштита и на оддалеченост од обичните луѓе. Од кого ли се плашат?

По однос на оваа тема Ванковска констатирапе дека за Западот, демократијата е празна фоскула, во која единствено веруваат оние кои се „нивни луѓе“.

Само наивен човек може да мисли дека вистинските одлуки се носат во институциите и дека тоа се одлуки „за народот, од народот и за народот“. Демократијата е празна флоскула, која капиталот и моќта ја користат како опиум за масите.