Прво ја приватизираа и испокрадоа Македонија, а денес станаа југоносталгичари

Денес премиерот Ковачевски во јавноста повторно се појави со „мудра мисла“, која да не беше смешна ќе беше трагична. Лидерот на СДСМ, партијата која ја спроведе цела криминална приватизација и го испокраде целиот државен имот изграден во Македонија во рамките на СФР Југославија, изјави дека од државата на која успеаја и името да и го продадат и приватизираат, повторно ќе развијат стандард како во Југославија.

„Ние во Југославија имавме подобар стандард од сите земји од источна Европа кои станаа членки на Европската унија и јас ќе ги донесам сите потребни одлуки нашите граѓани пак да имаат подобар стандард од нив“, изјави октроираниот премиер Димитар Ковачевски.

За иронијата и трагедијата да бидат уште поголеми, хардварецот Ковачевски се повика на економските успеси на Социјалистичката република, додека зборуваше за американските инвестиции чии корпорации го собираат профитот, додека ги експлоатираат работниците и ресурсите со кои располага Македонија.

Изјавите кои ги краси лошата ПР- стратегијата на Ковачевски, влегува во подлабока криза.