(Видео) Како ќе изгледа населбата Лисиче ако се реализира намерата на Муцунски за изградба на згради

Од иницијативата „Да го зачуваме Лисиче“ – која беше формирана откако во јавноста протече информацијата дека градоначалникот на Општина Аеродром издава маркици за изградба на нови десетина згради во населбата Лисиче, објавија видео во кое графички е претставено како ќе изгледа населбата по изградбата на новите згради.

„Графички приказ на мал дел од ‘ѕидот’ со кој Градоначалникот Тимчо Муцунски и градежната мафија сакаат да го угушат Лисиче! Нема да дозволиме ова да стане наша реалност!“ – стои во објавата на фејсбук.

Неофицијално советникот од редовите на Левица Горан Костовски, предупреди дека неофицијално постојат индиции во иднина градоначалникот Муцунски да издаде вкупно триесет маркици за изградба на згради во оваа населба.

Од граѓанската иницијатива повикаа „Да кажеме стоп на градежниот хаос кој заедно сите може да го спречиме.“