Левица: Муцунски дава маркица да се гради во Лисиче врз главната гасоводна цевка

  • Реакција на Левица ЛО – Аеродром

И покрај постојаните реакциии од страна на граѓаните да се спречи да се градат новите згради во населба Лисиче од Тимчо Муцунски и понатака останува глув и слеп.

Иако општината Аеродром при изработка на планот за изградба побарала податоци за гасоводната инфраструктура од Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност за пренос на природен гас, од која добила известување дека не смее да се градат згради, односно доколку тоа се прави е потребно да се изврши дислоцирање на цефката за гас Ф-400 со која се поврзуваат и снабдуваат со гас погоните во поранешната фабрика Железара и фабриката Усје.

Тимчо и покрај ова продолжува да ги прави нацртите врз главната гасоводна цевка и да соработува со „Голден Арт“, кои во неколку наврати даваат донации кон општината и остануваат во тајност.

Парцелите каде ќе се градат новите згради се во сопственост на Роберт Јакимовски и Ивица Јакимовски, сопствениците на „Голден Арт”, кои даваат донации кон општината Аеродром и сакаат да се сокријат од јавноста за да си ги вршат главните зделки со Муцунски.