Социјалистичкиот период во Авганистан: Ветената иднина убиена од империјализмот на САД

Во средината на 1970-тите и раните 1980-ти години, дописничката на „People’s World“, Марилин Бечтел (Marilyn Bechtel) беше уредник на весникот „New World Review“. Taa го посети Авганистан во 1980-та и 1981-ва година. Написот подолу прв пат се појавува на 10-ти Октомври 2001 година, ден пред САД да ја започнат окупацијата на Авганистан – под наслов „Авганистан: занемарена историјата“. Денес, кога со Бајден завршува уште една империјалистичка авантура на САД, го пренесуваме овој текст како потсетник дека најдолгата војна на САД влече корени многу порано од пред трагичниот настан на 11 септемви, односно уште од периодот „Студената војна“.

„По немилите настани на 11 септември, многу се дискутираше за очајната состојба на авганистанскиот народ, кој денес буквално е срушен под чизмата на теократската, талибанска диктатура, како и за улогата на Северно-атлантската алијанса и други непријатели на талибанците, кои денес фигурираат во плановите на Вашингтон за овој регион.

Во јавноста протекоа различни приказни за улогата на Советскиот Сојуз во Авганистан за периодот од 1978-ма до 1989-та година, во најголем дел извадени од контекст и испревртени. Но за улогата на САД во градењето на Муџахединските сили, вклучувајќи ги и Талибанците во јавниот дискурс се мрмореше нејасно.

Речиси никој не зборува за напорот што авганистанскиот народ го направи во доцните 70-ти и 80-тите години за да се ослободи од наследството на непрекинато завојуваните племиња и феудални владари. Не се зборува ни за тоа како Авганистанците започнаа да градат модерна и демократска држава, ниту пак за улогата на Советскиот Сојуз пред 1978-та година.

Доколку погледнеме ретроспективно и ги согледаме фактите, тие ќе ни помогнат за разбирање на актуелната криза. 


Авганистан беше геополитичка награда за империјалистите од 19-от век. – Трофеен натпревар помеѓу Царска Русија и Британската империја. За на крај, под притисок на Британците да биде создадена полу-независна држава.

Откако дојде на власт Аманулах Кан во 1921-ва година (честопати наречен авганистанскиот Кемал Ататурк) се обиде да го врати суверенитетот на својата држава и да и започне со модернизација на Авганистан. Заради остварување на овие цели, тој се обрати кон новата револуционерна влада во Москва, која одговорила со прифаќање на авганистанската независност и го склучи првиот „Авган-Советски“ договор за пријателство.

Во периодот помеѓу 1921 и 1929 година, кога реакционерните потпомогнати од Британците го притиснаа Аманулах да абдицира, Советскиот Сојуз помогна за отпочнување на економско-инфраструктурни проекти, како што се електро-енергетски станици, водни ресурси, транспорт и комуникации. Илјадници авганистански ученици и студенти се образуваа на Советските технички институти и универзитети.

Откако Аманулах беше насилно сменет од власт, проектите стагнираа, но врската меѓу Советскиот Сојуз и Авганистан повторно се обновува.

Во 1960-тите следеше оживување на заедничките авгано-советски проекти, беше создаден Политехничкиот институт во Кабул како примарен образовен ресурс на земјата за инженери, геолози, и други специјализанти.

Авганистан не беше имун на политичката и општествeна ферментација која ја карактеризираше секоја земја во развој минатиот век. Од 1920-тите навака, многу прогресивни струи го забележаа искуството од СССР, каде ново и поправедно општество почна да се појавува во земјите на поранешната Руска империја. До средината на 60-тите, народните демократски струји се споија за да ја формираат Народна Демократска Партија (НДП).

Во 1973, локалните буржoaски сили, потпомогнати од некои структури на НДП, го соборија 40 годишното владеење на Мохамед Захир Шах – човекот кој денес има 86 години, и е промовиран од десничарските Републиканци на САД, како личност која ќе ги обедини авганистанците.

Но затоа кога НДП ја презема власта во 1978 година, тие започнаа да работат за поправедна распределба на економските и социјалните ресурси. Меѓу нивните цели било и зголемување на еманципација на жените и девојките од старата племенска робија (процес започнати од Захир Шах), еднакви права за малцинските заедници, вклучувајчи и најпотиснатата група, Хазарите, додека пак на обичните луѓе им беше зголемен достапот до образование, медицинската грижа, пристојно домување и санитарни услови.

За време на моите посети во 1980 и 1981 година, ги видов почетоците на напредокот: жените работеа заедно во манифактурно производство, каде за првпат можеа да бидат платени пристојно за нивната работа и да управуваат со парите кои ги заработуваат. Возрасни жени и мажи, учеа да читаат. Жените работеа како професионалци и држеа владини позиции, вклучувајќи ја и позицијата Министер за образование. Сиромашните работнички семејства можеа да си дозволат лекар и да ги пратат своите деца – девојчиња и момчиња на училиште. Беше отпишан долгот на селаните, следеше реформата во земјоделието и се обновуваа селските задруги. За прв пат се воведе контрола на цените и нивно намалување, особено на основните прехранбени производи. Имаше и процес на вдомување на бездомниците.

Исто така ги видов застрашувачките резултати од Муџахединските напади, (составени од истата група која денес ја сочинува Северна Алијанса) во тие години особено насочени кон училиштата и наставниците во руралните области.

Случувањата после 1978 ја вклучуваат и Советската помош во економски и општествени проекти на некое повисоко ниво. Со новиот договор за пријателство помеѓу Авганистан и Советскиот Сојуз беа креирани разновидни проекти вклучувајќи: инфраструктура, истражување на ресурси, рударство, медицински сервиси, земјоделски и демонстративни проекти. По декември 1978 беа вклучени и Советски војници на барање од владата на НДП, со цел да се справат со раселените феудални и племенски воени лидери, кои беа помагани и организирани од САД и Пакистан.

Останатото, како што велат, е историја. Важно е дека после повлекуваето на советските војници во 1989, владата на НДП продолжи да функционира, иако беше под се поголем притисок во наредните три години.

Дури и во најстрашните времиња, под урнатините на распарчениот и крвав Авганистан, во срцата на луѓето се наоѓаат семиња кои остануваат и знаат дека постои подобра иднина за човештвото. Во свет кој се бори за економска и социјална правда, а не за одмазда, овие семиња повторно ќе никнат.

Извор: https://peoplesworld.org/