АктуелноЛокално

Крмов: Лудачката политика на СДС не’ врати назад во XIX век

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар зборувајќи за меѓуетничките односи во државата помеѓу Македонците и Албанците, тој не’ нарече православни од „Северна Македонија“ и додаде дека државата треба да ги внесе Бугарите во уставот.

По ваквата ктегоризација од страна на американскиот дипломат следуваше жестока реакција од пратеникот Борислав Крмов. Тој констатираше дека политиката на актуелната власт не враќа во XIX век, каде Македонците повторно се негирани.

Лудачката политика на СДС не врати назад во XIX век и одново ќе мораме пред светот да се докажуваме кои сме и што сме. За американската администрација станавме „православни луѓе“!?

Од државотворен народ со признат јазик во ООН и победник во Втората светска војна, станавме „каури“ или евентуално северномакедонци, – напиша пратеникот од Левица, Борислав Крмов.