НР Кина, ИР Иран и Русија најавија нова заедничка воено-морска вежба

Русија, Кина и Иран ќе одржат заеднички поморски вежби во Оманскиот залив . Вежбата е највена во периодот од 15 до 19 март, соопшти кинеското Министерство за одбрана.

„Во согласност со договорите меѓу вооружените поморски сили на Руската федерација, Кина, Иран и други земји, ќе одржат заеднички поморски вежби „Поморски безбедносен појас-2023“ во Оманскиот залив од 15 до 19 март“, – стои во соопштението пренесено од „РИА Новости“.

Претходно, во февруари годинава, во Индискиот Океан се одржаа заеднички поморски маневри на Русија, НР Кина и Јужна Африка.