Франција која поддржуваше двојазичност во Македонија го забранува корзиканскиот јазик

Корзиканците излегоа на масовни протести поради пресудата со која се забранува употребата на корзиканскиот јазик во локалниот парламент и другите политички канцеларии.

Протестите следат по одлуката на судот во Бастија да ја забрани долгогодишната традиција на собранието дебатите да се одржуваат на локалниот корзикански јазик, повикувајќи се на уставот на Франција во кој се наведува дека францускиот е единствениот дозволен јазик за официјална комуникација.

Локалната политичка партија Кореи н фронте, која се залага за независност на Корзика ја нарече пресудата срамна, во твит напишан на корзикански јазик во петокот, додека лидерот на Партијата на корзиканската нација Жан Кристоф Ангелини ја нарече неправда и срмна.

Претседателот на Извршниот совет Жил Симеони и претседателката на собранието Мари Антоанет Мопертуи ветија дека ќе поднесат жалба на пресудата „која на членовите на корзиканскиот парламент им го одзема правото да зборуваат на својот јазик при дебатите“. За да се зачува корзиканскиот јазик, островот мора да го крене на официјален статус покрај францускиот, порачаа во заедничко соопштение.

Пресудата е резултат на тужбата која ја поднесе корзиканскиот префект Амори де Сен Квентини, највисокиот функционер на островот, именуван од Париз. Иако Франција долго се противи на давањето независност на регионот за кој инсистира дека е составен дел од нејзината територија, изгледа дека францускиот претседател Емануел Макрон неодамна зазема порелаксиран став кон Корзика.

Медиумите јавија дека францускиот претседател му порача на корзиканскиот парламент дека од нив нема посебни барања околу претстојните уставни реформи, иако и понатаму остро се противи на сецесија на Корзика. Корзиканскиот јазик во УНЕСКО е класифициран како „дефинитивно загрозен“, а овој јазик го зборуваат 150.000 луѓе. Овој јазик е сличен е на италијанскиот дијалект кој се зборува во Тоскана.