Иљо Малинов: Тие ќе го земат златото, нас ќе ни останат болестите

Говор на еден од најгласните борци против рудниците на смртта, дедо Иљо Малинов од село Штука.


Јас сакам да кажам на кратко неколку реченици и ќе се задржам на тоа што стварно нè загрижува. Вчера сите бевте сведоци, беше гостин Англичанецот (името не му го знам) и му се даде простор повеќе човекот фино да објасни. И сите активисти и сите што знаат малце повеќе за рудниците, студиите во последно време се изменети можда за 360 степени. Значи тој човек си даде за право, ако внимателно го слушавте, дека отварање на рудник во ова време дека наличува на фабрика за наполитанки: ќе нема цијаници, ке нема тоа, ќе нема тоа…  А тие промени на тие студии што ги изменаа од претходните, знаете колкава разлика има? Неколку само ќе ви кажам.

Во првата студија беше три-четиристотини, до петсто љуѓе вработувања. Сега во новата студија, нешто над 2000 нови вработувања! Векот на рудникот беше негде околу 10, 9-10-11 години, сега ќе живее тој рудник 22 години, значи векот му го продолжуваат. Тоа другари знаете ли што е? Тоа колку што јас го ценам, тоа колку мојот домет стига, е една ПСИХОЛОШКА ВОЈНА на овој народ. Оти нашиот народ, тука по Струмица, повеќе сеуште владее неук народ.

А нашите кои се писмени, тие се во политиката. А нашата политика ме загрижува другари! Гледате што се случува по Македонија какви работи, какви битни нешта, на кој начин се решаваат. Ако тој рудник се отвори тука, за мене, најодговорно кажувам, нема луѓе, нема институција која нешто ќе провери тука и ќе сопре. Ке си умирате, ќе се разболувате, и ќе му нема крај на тоа! Немој да дозволиме Струмичкото поле да се уништи. И пренесете го ова. Ако сме малце, и други тоа го кажаа, и јас ќе го кажам. Тука можда сме 200 луѓе, ама се сме умни луѓе.

Уште сакам да кажам за рудникот, за едно нешто за кое најмногу лажат во Штука и Иловица, јас сум од Штука можда знаете. Таму во Штука има неколкумина, за мене секундарни профитери, на кои сега им одговара и во иднина ќе им одговара ако рудникот се отвори, со ветувања за запослувања.

Јас најодговорно и на сите дискусии кажувам од нашите населени места Штука и Иловица, дури и од цела Струмичка околија, од 30-40 луѓе повеќе ако има мојата глава да летне! Луѓето шо ќе бидат вработени ќе бидат од Канада до тука, они ќе си донесат стручњаци, машинисти, инжинери, техничари, ние тие ги немаме другари. Во Македонија луѓето ојдеа по Европа нели знаете, нели гледате?

Кој тука он ќе вработи? Ќе се вработат луѓе од друго место, ќе работат тука, ќе го однесат златото, ќе ги однесат парите, на нас ќе ни остаат фино како што кажа нашата докторка – БОЛЕСТИТЕ, СМРТТА и ПЛАЧОТ НА МАЈКИТЕ! Да сме свесни другари!

И на крај, да не должам многу, една порака до нашата политика. За моменталната политика, за претходната веќе знаеме. Да дадам една препорака, ете сега е момент, треба да седнат, да размислат и да донесат одлука: Што со рудниците во Југоисточна Македонија? Да размислат што ќе расипат, а што ќе направат. За триста луѓе да се вработат, и некој мал данок на државата, да го уништат базенот Струмичко поле! Да не говорам што раѓа, па ние сме над 150 000 становника тука. Значит препорачувам за политичарите кога ќе седнат да размислат и да донесат одлука, сварно да размислат што прават.

Линк до видеото со целиот говор тука.