(Видео) Ристов: Младите не се аполитични туку директни учесници во политиката преку Левица

  •  Членот на Президиумот на #Левица Бранко Ристов во гостувањето на Инфомакс.

 “Не е точно дека младите се аполитични и песимисти, нашето членство е доказ дека тоа воопшто не е точно. Освен што сме најмлада партија во поглед на време на постоење, ние сме најмлади и во поглед на структурата.

Имаме постојан прилив на млади луѓе кои преку Левица стануваат активни учесници во политиката и кои не доаѓаат за со членска книшка да очекуваат вработување, каков што е случајот во другите партии.

 Се трудиме да го обезбедиме тој простор за политичка артикулација на потребите на младите и преку учество во процесот на одлучување да успееме да ги задржиме, бидејќи младите се иселуваат поради товарот кој го носат од грешките од минатото.”