Анти-НАТО протести во Франција, се бара оставка од Макрон

Илјадници парижани, одговарајќи по повикот од лидерот на партијата Патриоти, Флорин Филипо, се собраа во Палатата Ројал во близина на Лувр, на протести против актуелната надворешна политика на Франција. Протестирачите побараа државата да излезе од НАТО и Макрон да си даде оставка.

Луѓето се крајно незадоволни од зголемените трошоци за живот најавени од владините мерки за рационализирање на потрошувачката на енергија, тие сметаат дека ова ќе доведе до значителни потешкотии во наредните месеци. Протестирачите се револтирани и од ставот на официјален Париз во однос на конфликтот во Украина. За тоа сведочат говорите на говорниците, бројните плакати во рацете на демонстрантите, и парижани и оние кои специјално дојдоа од други градови и села на Франција, дури и од Швајцарија и Белгија за да го искажат незадоволството. Инаку, на плоштадот имаше и протестирачи од „жолти елеци“.

Дел од натписите кои ги доби власта беа: „Макрон, не сакаме војна!“, „Не – Европа е на пат кон војна и тиранија!“, „Мора да ги запреме оние што сакаат судир со Русија!“, „Напушти го НАТО и Европската унија!“. Транспарентите исто така беа наменети и за Шефицата на Европската комисија Фон дер Лајен, која е еден од најактивните политичари во антируската политика.

Скандирајќи протестни слогани, под стотици национални знамиња, протестирачите се упатија кон југозападниот дел на градот, но, маршот беше добро организиран и немаше судири со полицијата.

Според мислењето на протестирачите, санкциите против Москва се „апсурдни и незаконски“. Тие велат дека вината за енергетската криза не е во Русија, туку во ЕУ и тие што управуваат од Брисел. Според нив, Русија е неисцрпен извор на енергетски ресурси и потребно е да се воспостават односи со земјата какви што Франција претходно имаше.

Претходно вакви протести со слични пароли имаше во Прага, Виена, Берлин и други европски градови.