Од креирање на економска криза до освојување на Нобелова награда

  • Фејсбук статус на Стеван Трајковски

Комитетот за Нобелови награди одлучи еден од добитниците на годинешната Нобелова награда за економија да биде и Бен С. Бернаке.

Бернаке беше на чело на Федералните резерви на САД во периодот од 2006. до 2014. година, односно во периодот кога САД и светот се справуваа прво со хипотекарната криза во САД, а потоа со должничката криза во ЕУ. Беше еден од „архитектите“ на решението со кое кризата беше менаџирана.

Кое беше решението? Државата „испечати“ 3.000 милијарди долари и на банките кои поради својата алчност го доведоа светот на работ на колапс им ги покри загубите. „Обичните“ луѓе беа оставени сами да се снајдуваат.

Тековниот модел на капитализмот во САД и Европа, чии главни карактеритики убаво се прикажаа во кризите кои започнаа од 2008. година, економистот Варуфакис го нарекува „социјализам за богатите, капитализам за сиромашните“. Негова главна карактеристика е тоа што секоја дејност од која може да се оствари профит се приватизира и дерегулира. Додека работите функционираат без проблеми, приватниот сектор раководи со таа дејност и го собира профитот. Кога поради алчноста и нерегулираните пазари ќе дојде до економска криза, државата влегува во игра и на приватниот сектор му ги покрива загубите.

Моментално ваква ситуација имаме и во Македонија, со парното греење во Скопје, ама тоа е друга приказна.

Како заклучок, Нобеловата награда за економија на Бернаке, вреди исто колку и Нобеловата награда за мир на Барак Обама, односно не вреди ништо.