Мадуро во Анкара за инаугурацијата на Ердоган

Претседателот на Венецуела – Николас Мадуро пристигна во Турција за да присуствува на претседателската инаугурација на Реџеп Таип Ердоган, кој победи на изборите одржани на на 28-ми мај. Боливарскиот лидер беше примен од Мурат Сојлу, заменик гувернерот на Анкара.

Се очекува повеќе од дваесет светски лидери да присуствуваат на инаугурацијата на Ердоган, кој ќе го преземе третиот последователен претседателски мандат. Ердоган успеа да освои 49,5 отсто од гласовите во првиот круг, а потоа победи во вториот круг со 52,2 отсто од гласовите.

Турција и Венецуела традиционално одржуваат добри дипломатски односи. Во јуни 2022 година, Мадуро и Ердоган одржаа состанок во Анкара каде одлучија да го прошират опсегот на билатералната соработка. Оваа одлука резултираше со над 40 конкретни договори во различни економски, научни, комерцијални и културни области.