Кираџиева: Душмани на народот – додека се ценкаат која партија да го земе Министерство за здравство народот умира

Членови на политичката партија Левица денес беа дел од мирниот протест пред Владата на Република Македонија каде се собраа граѓаните да изразат последна почит за Благојче Илиевски, кој ја изгуби битката со болеста цистична фиброза поради тоа што државата повторно потфрли да обезбеди навремено лекови. Весна Кираџиева, член на ЦК на Левица, во својата објава изрази сочуство кон семејството и пријателите на Благојче, но и револт кон владата и министерот, пишувајќи:

„Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да дозволиме да ни умираат луѓе од болести за кои има лек.” Ова денес стоеше испишано на споменот на сликата од младиот Благојче. Не бевме многумина собрани за да искажеме револт кон владата и министерот, но и сочувство до семејството и пријателите.“

Понатаму во текстот, Кираџиева изрази жалење што само малкумина се појавија на протестот да дадат поддршка во борбата на болните од цистична фиброза:

Секако, ни фалеа оние кои во илјадници се собираа и протестираа во 2015-16г. и бараа правда, одговорност и оставки од оние пред нив кога имаше исти вакви криминални пропусти со загубени млади човечки животи. Денес ги немаше да дојдат со ист револт, веројатно зашто сега се внатре во владата, на топло и веќе народот не им е важен, туку како да се исценкаат која партија да го земе Здравство. Душмани на народот!“