Поради санкциите на колективниот Запад Сиријците не можат да добијат директна помош од многу земји!

Дури и по разорниот земјотрес во кој загинаа 5.000 луѓе во Турција и Сирија, САД и ЕУ одбиваат да ги укинат санкциите што ги спречуваат Сиријците да добијат директна помош од многу земји. Овој чин е уште еден доказ за лицемерието на т.н. западни демократии кога зборуваат и држат предавање по светот за човековите права.

Имено, како последицана таканаречениот „Цезарев закон“, кој беше донесен од страна на САД во 2019 година, а врз основа на кој САД имаат право да воведат рестриктивни мерки за организации и лица кои директно или индиректно му помагаат на Дамаск, денеска повеќето земји во светот не можат да испратат хуманитарна помош во Сирија. Притоа, исклучително е важно да се знае дека овој закон се применува и за пратки на лекови, хуманитарна помош, и други технички и разни видови помагала.

Реагираа и хуманитарните организации, и многу други официјални лица на разни земји повикаа на укинување на санкциите против Сириската Арапска Република.

Сирискиот „Црвен крст“ ја повика Европската Унија да ги укине санкциите против Дамаск по разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 1.600 луѓе во таа земја.

„Ги повикувам сите земји од ЕУ да ги укинат економските санкции кон Сирија бидејќи е време да се направи тоа по таков земјотрес“, изјави директорот на сирискиот огранок на Црвениот крст Калед Хабубати на прес-конференција во Дамаск.

Сепак, Русија беше една од првите земји кои без разлика на се ја даде целосната поддршка на сирискиот народ и веднаш испрати секаков вид помош а пристигнаа и спасувачките екипи и опрема во Сирија. Руските спасувачи продолжуваат да ги извлекуваат повредените и загинатите од урнатините во градот Јабла во провинцијата Латакија во Сирија, денеска јави дописникот на Спутник.