Координаторот на Секторот за труд при политичката партија Левица, адвокатот Александар Димитријевиќ, преку својот фејсбук профил ја повика Владата и МНР да и дадат до знаење на Софија за се она на што бугарската страна се обврзала и признала со Бледскиот договор од 1947 година.
Во налетот на странски асимилаторски агентури и домашни фарисејски структури треба да знаеме дека и претходно имаше договор за “добро соседство ” кој тогашната ФНРЈ го потпиша со Р. Бугарија во Блед или така наречен Бледски договор од 1947 година. Овој договор вешто го кријат Бугарските власти а гледаме дека и нашите одредени преговарачи воопшто не го спомнуваат.

Со Бледскиот договор, Бугарија признава Македонската нација, јазик, историја и постоење Македонци во Пириниска Македонија како мнозинство во тој дел од денешна Бугарија со автономија на културно и етничко изразување. Според Бледскиот Договор:
- Бугарија признава дека била окупатор и се задолжува да плати тогашни 25 милиони долари кои ТИТО им ги опростува во замена за правата на Македонците во Пиринскиот дел.
- Признание од Бугарија за постоење Македонци, македонски јазик, етничка и културна автономија на Македонците во Бугарија (Пиринска Македонија). Обврска за обезбедено учење македонски јазик во школите, македонски театар… На Македонцте им се дава право на автономија и проклучување кон матичниот народ, кон Република Македонија, што го потврдува и бугарското издание на Википедија. Македонското нема ни збор за сето ова.
- Признавање на Федеративна Народна Република Македонија, со службен јазик македонски, во состав на федерацијата Југославија. Исто право какво имале и тогашна, и денешна Србија, Словенија, Хрватска…
- Овој Договор го склучува тогашната ФНР Југославија во наше име што од правен аспект нам ни дава право да ги докажуваме тие признанија и во најмала мера да се бориме за истите.Нажалост Бугарија еднострано го раскинува овој договор но го задржува делот од спогодбата каде исплатата на репарација е опростена.
Како што велат “historia magistra vitae” така и ние треба да извлечем поука од историјата, со кого преговараме и какви договори склучуваме. Во најмала рака и можеме еднострано да го раскинеме договорот за добрососедство за да бидеме 1:1 па да продолжиме со нови преговарачи. Во новите преговори, преговарачите да го носат товарот од Бледскиот договор како почетна основа за преговарање и било какво отстапување од овие права да се смета за национално предавство.Вечна слава даскале.