АктуелноЛокално

Математичко информатичката гимназија останаа без професори

Апсурдна ситуација во Математичко информатичката гимназија во Скопје која беше замислена како расадник на идните информатички кадри, а сега одвај одржува настава бидејки нема професори по стручните предмети. Родителите се револтирани. Во дописот до МОН и Инспекторатот за обрзование бараат нормална настава која им е загарантирана со закон или во спротивно ќе покренат тужба.

Со почетокот на второто полугодие не им се продолжени договорите за работа на наставниците по стручните предмети и се оставени учениците само со настава по општите предмети т.е.учениците во трета година моментално одржуваат настава само по четири предмети (македонски и англиски јазик,физика и спорт) што се еден до два часа на ден ! За останатите 8 стручни предмети немаат наставници и со тоа се изгубени над 20 часови на неделно ниво). Родители на ученици при МИГ-Државна математичка информатичка гимназија

Сител контактираше со директорката на гимназијата Гајдаџиева која во куса порака ни одговори –

Од моја страна, како директор, и од страна на МОН, е преземено се согласно законот за ангажирање на професорите за договор на дело потребно е и согласност од Министерството за финансии, Математичко-информатичка гимназија.

Од МОН пак потврдуваат дека бараат решение со министерството со финансии. Очекуваме во најбрзо време предизвикот да биде надминат, се вели во соопштението, но опозицијата се сомнева дека пари за тоа има.

Гимназијата која постои веке три години. Во наставата требаа да бидат привремено ангажирани и ментори и подучувачи од факултетски кадар за да се покријат стручните предмети.

  • Преземено од Сител.мк – Сања Сеизова Мрмова