Левица: Градоначалникот Марин секој ден со нови луксузи на сметка на општината – се подновил со телефон од 100 илјади денари

Во целост ја пренесуваме реакцијата на Левица – ЛО Аеродром


На лудилото во општина Аеродром му нема крај, градоначалникот од СДСМ, Златко Марин, пред крајот на својот мандат го троши буџетот на општината за луксузи и аздисувања. Тој си донел одлука со која се подновува со телефон и тоа не било каков, туку од 100.000 денари. Дали дека знае и самиот дека нема шанса Аеродромци да му дадат повторно можност да ја води општината (го нема во анкетите за градоначалници), покрај кантите за отпадоци од 300 евра, обрачот за кош од 300 евра, па и чешмичка од 1000+ евра, сега си додава и телефон од неверојатни 100.000 денари. За да не се лутат останатите има и за нив, претседател на совет 75.000 денари, раководители на сектор 75.000, помошници раководители 45.000, а за советници “скромни” 15.000 денари.

Можеби затоа на Совет е донесена едногласна одлука за легализирање на ова расипништво, сите советници гласале ЗА. На сите досегашни реакции за расипнички и бескрупулозни пљачкања на народните пари, одговор или нема, или е срочен во флоскулата „ама ДПМНЕ повеќе од нас крадеа“. Народот нема да заборави и да ви прости, туку ќе ве казни.

Градоначалниче Марин, 100.000 денари е годишното примање на многу од нашите сограѓани, некои и преживуваат со многу помалку, па нели е срамота да трошиш на чоколади кога леб немаме за јадење.

Со влегување на Левица во Советот на општина Аеродром, ова луксузирање и трошење на народните пари завршува! Со превземање на власта Левица и јавно тргнува во “лов” на матните зделки и хедонизмот на градоначалникот и советниците, кои мораат да одговараат за своите злодела и грабежот на својот народ. Не забораваме не простуваме!!!


ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРИН СЕКОЈ ДЕН СО НОВИ ЛУКСУЗИ НА СМЕТКА НА ОПШТИНАТА – СЕ ПОДНОВИЛ СО ТЕЛЕФОН ОД 100 ИЛЈАДИ…

Posted by Левица – Аеродром on Tuesday, May 4, 2021