(Видео) Крмов: Власта се задолжува дури и за тековни трошоци, целата криза е на товар на кредит!

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов во „Само вистина“:

„ Дел од фирмите ја зедоа помошта за себе и поради тоа помошта мораше да оди директно за работниците. Ние пред неколку месеци надминавме 60 проценти на јавен долг и веќе влегуваме во кризна ситуација.

Не е никаков успех да ја водите кризата на кредит, тоа ќе мора еден ден да се плати. Од друга страна, имаме огромен број на фирми, коишто правеа милионски профити со години наназад, а коишто сега во ваква кризна ситуација, требаше својот данок да го дадат.
 
Како вика премиерот – сите сме во ова, сите сме во кризата – не може фирма, којашто имала наназад 100 милиони чист профит годишно (банките и некои поголеми фирми), сега да се споредуваат со работници, коишто врзуваат крај со крај. Значи, ние тој капитал не го пипнавме, им го оставивме, а целиот товар паѓа на работникот фактички, којшто го полни буџетот пак за работникот!

Ако банките не се кооперативни, државата ќе ги натера банките да се кооперативни.“