(Видео) Крмов: Албанските партии се само декларативно за ЕУ стандарди – во пракса туркаат сосема нешто друго

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов за нелегалното стекнување со државнјанство во „Само вистина“:

„Законот за државјанство ја крши Европската конценција за државјанство, во повеќе членови, посебно во Член 18, значи има ситуација кадешто во оваа конвенција се препорачува 8-10 години (па нагоре) ефективен престој во некоја држава за добивање на државјанство, а Алијанса за Албанците и Алтернатива, бараат тоа да се спушти само на 4, и има еден член, којшто бара ефективна врска да се докаже со државата во којашто се бара државјанство, додека тие тој дел сосема го имаат исфрлено и само бараат тројца сведоци (од било која територија од поранешна Југославија).“