(Видео) Треба да престанеме да го избираме помалото зло и да избереме системски решенија за градот

  •  говор на советничката на Левица во Советот на Град Скопје КАТЕРИНА ЈОВАНОВСКА

Додека советничката група на СДСМ во Град Скопје обвинува за партиски матрици, токму тие се тие кои не излегуваат од партиската матрица и не гласаа за набавка на 250 нови автобуси, а се со цел градот кој што е во незавидна позиција во однос на градскиот превоз, прибегне кон Брз Рапит Транзит – проект на поранешниот градоначалник Шилегов, токму од редовите на СДСМ.

Овој проект има низа недоследности и на долг рок, не само што нема да го реши проблемот со сообраќајниот хаос во Скопје, туку ќе направи и поголема штета во инфраструктурата на градот.

Советниците во Советот на Град Скопје мора да излезат од партиската матрица и да гласаат за системски долгорочни решенија во градот, а не за политички партиски проекти.