Народот се повеќе тоне во сиромаштија, Владата нуди помош од 1000 денари месечно

  • Реакција на Левица – Социјален Сектор

Околу 600 илјади Македонци живеат во сиромаштија, а од нив 86 илјади во екстремна сиромаштија.

Ова го покажува скорешното истражување за поскапувањето и инфлацијата на Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој – СИГА.

Граѓаните се жалат секојдневно на високите цени, одвај го крпат месецот за основни потреби,а цената на струјата е за 3 пати повисока.

Дури и оние семејства со две просечни плати едвај имаат средства за намирување на основните потреби, а уште помалку оние со минимална плата.

Причината за оваа алармантна состојба е политичка одлука, но Владата нема национална стратегија за решавање на проблемите.

Наместо долгорочна стратегија, Владата нуди еднократни и краткотрајни мерки за ублажување на ценовните шокови,кои за жал, не даваат резултати.

Најавените владини мерки за помош на населението од 1000 или 2000 денари не само што нема да го решат егзистенцијалното прашање на народот, туку се и крајно понижувачки.

Апелираме, Владата итно да ги активира и прилагоди државните механизми, да направи рационализација на сопствените трошења и да ги пренасочи средствата кон потребите на граѓаните, особено кон социјално ранливите категории.