(Видео) Крмов на протест со пензионерите – Со 12.000 денари не се живее, заслужувате многу повисока пензија

  • Денес пред Собранието на Република Македонија повторно се одржа протест од страна на пензионерите кои побараа линеарно покачување на пензиите. Помеѓу протестирачите беа членови на Левица кои го поддржаа овој протест, меѓу кои пратеникот Борислав Крмов и Координаторот на Социјален сектор – Катерина Јовановска. Во прилог ви го пренесуваме обраќањето на пратеникот до пензионерите:

„Можам да кажам и тоа што го барате е малку, имате право на повеќе. Достоинствен живот нема со тие пари што ги добивате, таа најниска пензија од 12 000 денари,и под 12 000 денари ја зема баба ми лично во Штип тоа не е доволно ниту за две недели.

Вие од пратениците на Левица имате целосна поддршка за сите ваши барања. Ние ќе направиме се што можеме, ние сме само двајца, ќе притискаме во јавноста, ќе поднесеме предлог закон ќе го притискаме министерството (за труд и социјална политика), се што можеме за да ги добиете вашите права и да добиете во последните децении од вашиот живот да бидат достоинствени а не да бидете како кучиња на улица што е срамота.“