Смилев: „Бехтел и Енка“ го уништуваат геолошкиот и археолошки локалитет „Каракамен”

  • Фејсбук статус на Игор Смилев – Советник во Општина Велес, член на ЦК на Левица и активист за зачувување на природата

Неколку денови конзорциумот “Бехтел и Енка” го уништуваат ексклузивниот геолошки и археолошки локалитет “Каракамен”, единствен по бројот на ретки минерали, но и редок како локалитет кој содржи значајни културни остатоци од населба од праисториските периоди.

СДС И ДУИ молчат облечени во црниот разурнувачки плашт додека македонската праисторија се гази и уништува под налетот на БЕХТЕЛ И ЕНКА.

Голем дел од теренот е раскопан, археолошките артефакти се искршени, надзор нема, институции нема.

Уникатна и светска реткост на ” КАРАКАМЕН” е минералот македонит застапен само на овој локалитет кој заедно со амазонит, титанит, рутил, монацит, арфедсонит, антас и кварц се од непроценливо светско значење.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Локалитетот се наоѓа на околу 10 km јужно од Прилеп, околу 300 m источно од патот Прилеп – Битола, околу 500 m јужно од селото Алинци и околу 300 м северозападно од селото Шелеверци, од десната страна на патот Прилеп – Алинци.