Ванковска: За Илинден во Крушево имаше повеќе полиција (аскер) од кога било порано

Пратеникот од редовите на Левица – Борислав Крмов, кој беше дел од партиската делегација на настанот организиран во Крушево, за јавноста сподели информација дека полицијата не ги пиштала луѓето и дека атмосверата на овој празник намерно е уништена. Професорката Ванковска го сподели неговиот статус и додаде дека за Илинден во Крушево имаше повеќе полиција (аскер) од кога било порано.

Прославата за Илинден е намерно уништена, за да се убие духот на Македонскиот народ! Полицијата не пушташе луѓе за да има малку публика, а нашата кукавица од Премиер, за 120 години јубилеј, не е на Мечкин Камен. Атмосферата умртвена, како на погреб.

Во продолжение, искажувајќи го револтот кон Власта како организатор на настанот по повод „120 години Илинден“ додаде: „Ќе ве истрпиме. Нема да траете уште долго. Илинден ќе живее и покрај вас. Повторно ќе ја кренеме Републиката!“’

Споделувајќи го неговиот статус, професорката Билјана Ванковска која беше во Крушево како дел од научната коонференција „120 години Илинден“ организирана од Матица на иселеници го сподели статусот на пратеникот и додаде дека во Крушево имаше повеќе полиција (аскер) од било кога порано.

„Крушевчани нека ви кажат ако не ми верувате: деновиве во Крушево имаше повеќе полиција (аскер!?) од кога било порано. Дури и третманот на нас, гостите, беше индикативен: полицијата беше таму да ги чува политичарите – од народот! Таква грубост и дрскост досега не сум видела“, напиша таа на Фејсбук.