Газдата на Никоб повторно во акција, извршил уште едно разбојништво
Пред околу еден месец, сопственикот на Никоб, Лазаров изврши физички напад врз сопствениците на Александар Палас, по што вчера сопственик на хотелот побарале лиценцата за обезбедување на неговата компанија да биде одземена.
Законот за овој бизнисмен близок и фаворизиран од владејачката СДСМ, која му обезбеди тендери вредни милиони евра и монопол во лабораторискиот бизнис очигледно не важи. Пред два дена, Лазаров направил инцидент во алкохолизирана состојба извршувајки физички напад и разбојништво во комплексот Вергина каде што живее.
Од порталот Лидер, денес објавија детали од полицискиот записник за разбојништвото на бизнисменот близок со фамилијата Заеви.
На местото на настанот по кажување на поменатиот Јован М. (н.з чувар на објектот) се дозна следново: во времето околу 01:45 часот на 08.02.2022 година во комплекс Вергина лоциран на ул.60 во Волково,Орман, НН лице (по кажување на Јован се работи за лицето Кирил Лазаров кој живее во комплексот) дошло на наведената локација и на висок тон побарало да се отвори големата железна капија за да влезе во објектот. Од страна на обезбедувањето од СГС, во случајов од страна на Јован му било укажано дека ќе биде отворена споредната мала капија, бидејќи истиот не бил со возило. Лицето почнало бурно да реагира, да упатува вербални закани и пцовки кон Јован.
Според полицискиот извештај, веднаш по заканите и пцовките, следувало физичко насилство од страна на бизнисменот Лазаров кон чуварот во објектот.
Во исто време влегло во комплексот и пред капијата дошло до физички контакт при кој сторителот го фатил Јован за предниот дел од облеката-џемперот и му го скинал. Во тој момент Јован се затетеравил, изгубил рамнотежа и од главата на асфалнтната подлога му двата пара очила и истите се скршиле. Сторителот го искористил моментот, земал метла која била потпрена на аголот од влезната врата и најпрво ја скршил надворешната камера лоцирана на инкривната конструкција од објектот, по што влегол во мониторинг просторијат. Внатре ја скршил и влезната камера и со клучот кој бил во бравата од шкафот во кој се наоѓале ресиверите отклучил, насилно ги демонтирал двата ресивери, ги одзел и со истите го напуштил местото на настанот. – стои во полициската белешка за случајот.
Веднаш потоа, полицијата по налог на обвинител извршила претрес во домот на бизнисменот Лазаров каде што биле пронајдени ресиверите од камери кои ги украл, а на кои веројатно е снимен како извршува насилство.
Според очевидците на настанот, газдата на НИКОБ очигледно бил под дејство на алкохол а можеби и на некакви супстанции.Дали надлежните институции че постапат согласно законите за делата кои ги направил газдата на Никоб останува да почекаме.
Извор: lider.mk